• сабота, 23 ноември 2024

Молиќај: Курти и Османи им даваат целосна автономија на Србите, без никаква корист за Косово

Молиќај: Курти и Османи им даваат целосна автономија на Србите, без никаква корист за Косово

 

Приштина, 22 ноември 2023 (МИА) – Шефот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај, изјави дека косовските државни лидери, претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, имаат за цел да им дадат територијална автономија на Србите во Косово, без никаква корист за државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На конференцијата за медиуми одржана вечерва, Молиќај рече дека споменатите косовски лидери воопшо не водат грижа за исходот од дијалогот со Србија, што се води со посредство на Европската унија.

- Ниту претседателот, ниту премиерот не се воопшто загрижени за нивните постапки кои донесоа погрешни резултати во дијалогот. И не само во дијалогот, нивните постапки донесоа до ентузијазам за да има такво однесување и во Уставниот суд. Претседателот како претставник на единството на народот не кажуваат ниту збор за кршењето на правата на нашите соборци во Хаг, рече Молиќај.

Тој најави протест против Специјалниот суд за Косово по повод најавената посета на Приштина на претседателката на тој суд, Екатерина Трендафилова на 29 ноември.

- Косовското Собрание - ништо, премиерот - ништо, сето тоа е за консултации во рамки на пи-ар-от за да ја продадат позицијата што веќе ја прифатија, а тоа е територијалната автономија на Србите во Косово, рече Молиќај.

Според него, Османи и Курти ја прифатиле автономијата на Србите, „без Косово да добие ниту една единествена работа во овој процес“.

- Не вреди сериозно да се земаат разликите меѓу нив, ниту нивните понекогаш различни изјави, бидејќи и двајцата едногласно ја прифатија територијалната автономија на Србите во Косово, без Косово да добие ниту една единствена работа во овој процес, рече Молиќај. иа/

Остани поврзан