• недела, 17 ноември 2024

Молдавското МНР го повика рускиот амбасадор поради гласачките места во Приднестровие

Молдавското МНР го повика рускиот амбасадор поради гласачките места во Приднестровие

Кишињев, 12 март 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека го повика рускиот амбасадор Олег Васнецов за официјално да го изрази својот протест против одлуката на Москва да отвори избирачки места за претседателските избори во Русија на 15-17 март во сепаратистичкиот регион Приднестровие во Молдавија.

Молдавската дипломатска служба се согласи на отворање на едно избирачко место во главниот град Кишињев, но руските власти инсистираа на шест места во Приднестровие.

„Оваа акција го крши меѓународното право и го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија“, соопшти Министерството.

Васнецов изјави за новинарите дека протестот е „неоснован“ и посочи дека руската дипломатска мисија примила многу барања за да обезбеди можност за гласање на претседателските избори. Според него, целта на отворањето на избирачките места е да се гарантира правото на руските граѓани да учествуваат во гласањето.

Приднестровие минатиот месец побара од Русија да и помогне на нејзината економија да го издржи молдавскиот „притисок“. ссм/

Остани поврзан