• сабота, 23 ноември 2024

Молдавија и Гаспром постигнаа договор за пет години

Молдавија и Гаспром постигнаа договор за пет години
Кишињев, 29 октомври 2021 (МИА) – Молдавија и рускиот државен енергетски гигант Гаспром се согласија да го продолжат договорот за снабдување со гас за поранешната советска република за пет години по остриот спор околу цената. - Страните постигнаа договор за формулата за цената, ревизијата на долгот на Молдовагас и последователен дијалог за отплата, соопшти портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вод. Преговорите меѓу молдавската делегација и Гаспром се водеа во Санкт Петербург. Страните се договорија за формула за пресметување на цената, како и за ревизијата на долгот акумулиран од Молдовагас ". Снабдувањето со гас ќе почне на 1 ноември. јт/

Остани поврзан