• среда, 25 декември 2024

МОК закажа редовно изборно Собрание

МОК закажа редовно изборно Собрание

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Македонскиот олимписки комитет (МОК) објави вечерва дека на 8 февруари во Скопје ќе одржи редовно изборно Собрание.

-Заклучно со денеска пристигнаа пет барања за вонредно Собрание и врз основа на тоа претседателот свикува редовно изборно Собрание кое ќе се одржи на 8 февруари во Спортскиот центар „Јане Сандански“, се наведува во соопштението на МОК.

Меѓу седумте точки на дневниот ред се избор на претседател и нов состав на Управниот одбор на МОК.

Актуелниот претседател Даниел Димевски раководи со македонското олимписко движење од ноември 2020 година, кога беше избран за наследник на Васил Тупурковски, кој 28 години беше на чело на МОК. ег/вј/

Фото: МОК

Остани поврзан