• недела, 24 ноември 2024

МОК договори соработка со македонскиот Оддел на Меѓународното полициско здружение

МОК договори соработка со македонскиот Оддел на Меѓународното полициско здружение

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) – Меморандум за соработка во Скопје денеска потпишаа Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Меѓународното полициско здружение (ИПА) - Оддел Македонија.

Како што соопшти МОК, Меморандумот се темели на искрена меѓусебна соработка во остварување на цели од јавен, хуманитарен, спортски и културен интерес на граѓаните, полициските службеници и членовите на двете организации.

Меморандумот го потпишаа челните луѓе на МОК и на ИПА Македонија, Даниел Димевски и Игно Стојков.

Основни цели на ИПА Македонија се организирање семинари, обука на членовите на Здружението и граѓаните, организирање и учество во спортски и културни активности, обезбедување на социјална и секој друг вид на помош на членовите и нивните семејства и дружење на членовите на здружението, во согласност со принципите на ИПА и работата на Меѓународното полициско здружение. ег/ев/

ФОТО: МОК

Остани поврзан