Мокбер: Иран нема да преговара со САД, војната можеме да ја продолжиме на неодредено време
- Тој за националната медиумска куќа изјави дека Иран „нема доверба во Американците и дека нема основа за какви било преговори со нив“ додавајќи дека „војната можеме да ја продолжиме онолку долго колку што сакаме“, пренесе „Тајмс од Израел“
Техеран, 4 март 20265 (МИА) - Иран нема намера да преговара со САД и може да продолжи да се бори на Блискиот Исток онолку долго колку што е потребно - изјави Мохамед Мокбер, висок помошник на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, пренесен од иранската државна телевизија.
Тој за националната медиумска куќа изјави дека Иран „нема доверба во Американците и дека нема основа за какви било преговори со нив“ додавајќи дека„ војната можеме да ја продолжиме онолку долго колку што сакаме“, пренесе „Тајмс од Израел“.сд/јт/
Фото:ЕПА