• недела, 24 ноември 2024

Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите

Можни прекини во Е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите

Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре  се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот. 

- Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ. Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и Е  - услугите, се наведува во соопштението од УЈП. ев/сп/ 

Остани поврзан