• петок, 27 декември 2024

Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година

Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - На претседателските избори денеска можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. 

Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.

Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај. 

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. ев/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан