• среда, 25 декември 2024

На изборите може да гласаат и граѓаните чии лични документи чија важност истекла во периодот од девет месеци

На изборите може да гласаат и граѓаните чии лични документи чија важност истекла во периодот од девет месеци

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - На денешните двојни - претседателски и парламентарни избори, согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за овие избори, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. 

За претседателските избори ќе можат да гласаат избирачите чии лични документи истекле на 24 јули 2023 година до 24 април, додека на парламентарните избори ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај. 

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. ев/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан