• вторник, 24 декември 2024

Модриќ сака да го продолжи договорот со Реал на уште една година

Модриќ сака да го продолжи договорот со Реал на уште една година

Мадрид, 14 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ нема намера да се пензионира на крајот од сезоната 2024/25, изјави новинарот Хозе Феликс Дијаз.

Триесет и деветгодишниот Хрват сака да ја докаже својата важност за тимот и очекува да го продолжи договорот со мадридскиот клуб на уште една година.

Фудбалерот исто така признава дека може да учествува на Светското првенство во 2026 година, а до овој момент сака да биде играч на Реал Мадрид.

Модриќ игра за „Кралскиот клуб“ од август 2012 година. 

Во тековната сезона, Модриќ учествуваше во 12 тимски натпревари во сите натпреварувања и направи две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан