• вторник, 24 декември 2024

Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

Мадрид, 19 октомври 2024 (МИА) - Неверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште еден голем подвиг во неговиот следен натпревар со Реал Мадрид - без разлика дали тоа е на 19 октомври против Селта, на 22-ри против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите или следната сабота на „Ел Класико“.

Кога следниот пат ќе се појави на натпревар за „кралскиот клуб“, Модриќ ќе стане најстариот играч во историјата на 15-кратниот шампион на Европа. Хрватот во овој показател ќе го надмине Ференц Пушкаш, една од легендите на „белиот балет“.

Во мај 1966 година, Пушкаш одигра четвртфинален натпревар од Копа дел Реј (тогаш Копа генералисимо) на гостувањето кај Бетис на возраст од 39 години и 37 дена. Модриќ ќе има 39 години и 40 дена кога ќе излезе на теренот против Селта во 10. коло од Ла Лига.

Во април оваа година, Модриќ веќе стана најстариот играч на Реал Мадрид на европските турнири, кога влезе во игра место Џад Белингем на првиот натпревар против Баерн Минхен. Тогаш повторно го подобри постигнувањето на Пушкаш од 1965 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан