• недела, 28 јули 2024

Модриќ нов рекордер според бројот на настапи за Хрватска

Модриќ нов рекордер според бројот на настапи за Хрватска
Загреб, 27 март 2021 (МИА) – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ е нов рекордер според бројот на настапи во дресот на националниот тим. Играчот за врска на Реал Мадрид вечерва го одигра целиот натпревар против Кипар (1:0) во Риека во рамки на мундијалските квалификации и со тоа го запиша својот 135 настап во хрватскиот дрес Модриќ на вечната листа го мина неговиот поранешен резентативен колега Дарио Срна. Во својата 15. годишна репрезентативна кариера, 35-годишниот Модриќ играше под водство на шест селектори, настапи на шест големи натпреварувања, освои мундијалско сребро, како и бројни меѓународни награди за најдобар фудбалер. ег/

Остани поврзан