Модни изданија што ја одбележаа 2024 година
- Заедно со „Мет-галата“, и бројните филмски премиери и црвениот тепих беа можност да се покажат некои од најдобрите модни комбинации за минатата година.
Лос Анџелес, 2 jaнуaри 2025 (МИА) - Познатите дами имаа впечатлив моден избор во текот на 2024 година, а меѓу оние кои оставија најголем печат се Мона Пател, Зендеја, Рита Ора, Џенифер Лопез.
Заедно со „Мет-галата“, нарекувана и „Оскарите“ на модата, и бројните филмски премиери и црвениот тепих на филмските фестивали како тие во Кан и Венеција беа можност да се покажат некои од најдобрите модни комбинации за минатата година. Кога станува збор за глумиците, Зендеја, на пр., го привлече вниманието со облеката на прес-турнејата за филмот „Дина 2“. Со помош на својот стилист Ло Роуч, таа облече роботски костим на Тијери Муглер и фустан на Роберто Кавали од колекцијата пролет/лето 2011 година, но и тоалета на „Луј Витон“ на Модната недела во Париз.
Џенифер Лопез, се чини, е вечна модна икона, земајќи го предвид и она што го облекува за в кујна и фотографиите коишто ги споделува на интернет, но и „Мет-галата“, каде што носеше фустан од „Скијапарели“ со 2,5 милиони бисери... Вниманието таа го привлече и во друга необична комбинација на истиот бренд на Модната недела во Париз.
Меѓу актерките, и Синтија Ериво и Аријана Гранде се истакнаа на прес-турнејата за филмот „Злобница“.
Меѓу најнезаборавните фустани од „Мет-гала 2024“ беше и оној што го носеше пејачката Тајла. Носеше креација од песок во којашто едвај се движеше и мораше да ја носат по скалите.
Индиската претприемничка Мона Пател остави впечаток со фустан на Ајрис Ван Херпен. Непозната за многумина, бизнисменката „се прослави“ на свој начин, во тоалета со украсни пеперутки, корсет и проѕирни детали од тантела на страните. Пеперутките на рацете, патем, чиишто крилца механички се движеа сами.
Mona Patel incorporates moving butterflies for her #MetGala outfit. pic.twitter.com/thBoy7uheh
— Pop Base (@PopBase) May 6, 2024
Рита Ора беше „кралица на проѕирните и оскудни комбинации“ оваа година.
И Ким Кардашијан, на свој начин, ја одбележа изминатата година - почнувајќи од фустан со длабоко деколте и крст, па сѐ до сребрената креација на дизајнерот Џон Галијано, каде што таа го истакна својот тесен струк со корсет.
Говорејќи за бојата што ја одбележа сезоната есен/зима - тоа е бордо бојата. Во таа смисла се истакнаа Џенифер Лопез, Кејт Мидлтон, Зендеја, Софија Вергара.
си/
Фото: ЕПА