• среда, 25 декември 2024

Моди: Индија се потпира на своите резерви вакцини

Моди: Индија се потпира на своите резерви вакцини
Њу Делхи, 22 јануари 2021 (МИА) – Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека земјата целосно се потпира на своите резерви на вакцини против коронавирусот. - Нашата подготовка е таква што вакцината брзо стигнува до сите делови на земјата. И кога станува збор за најголемата побарувачка во светот денес, целосно се потпираме самите на себе. Не само тоа, Индија им помага и на многу земји со вакцини, рече Моди во видеоповик со здравствени работници. Втората најнаселена земја во светот, вакцинираше повеќе од милион луѓе во рок од една недела од почетокот на кампањата. Индија, позната како фармацевтска престолнина на светот, донираше вакцини на соседите и партнерите како Бангладеш, Непал, Бутан, Сејшели, Маурициус и Малдиви. Индија денеска ќе започне со комерцијална испорака во Бразил и Мароко. јт/

Остани поврзан