• среда, 25 декември 2024

Модерна тестира нова вакцина против Ковид-19

Модерна тестира нова вакцина против Ковид-19
Вашингтон, 15 март 2021 (МИА) - Компанијата „Модерна“ денеска соопшти дека првпат тестира нова вакцина против Ковид-19 кај пациенти во рана фаза на истражување.

Новата вакцина mRNA-1283 потенцијално може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ја олеснува дистрибуцијата, особено во земјите во развој.

„Истражувањето во рана фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на mRNA-1283 во три фази и ќе им се дава на здрави возрасни или како единечна доза или во две дози во интервали од 28 дена“, соопшти компанијата. паг/

Остани поврзан