• среда, 25 декември 2024

Модерна планира да изгради фабрика за производство на мРНА-вакцини во Африка

Модерна планира да изгради фабрика за производство на мРНА-вакцини во Африка
Вашингтон, 7 октомври 2021 (МИА) - Модерна планира да инвестира околу 500 милиони долари за изградба на фабрика во Африка, што ќе произведува до 500 милиони дози на мРНА-вакцини годишно. Предвидено е да се произведува и  нејзината вакцина против Ковид-19, додека расте притисокот врз фармацевтската индустрија да произведува лекови во Африка. Покрај производството, вакцината може да се пакува на истата локација. - Очекуваме да ја произведеме нашата вакцина против Ковид-19 во ова фабрика како и дополнителни производи од нашето портфолио на вакцини мРНА, изјави извршниот директор Стефан Бансел на Модерна. Американската фармацевтска компанијата најави дека наскоро ќе одлучи во која земја и на која локација ќе ја гради фабриката. ми/

Остани поврзан