• недела, 06 октомври 2024

„Модерна општина” - Меѓународен форум на градоначалници

„Модерна општина” - Меѓународен форум на градоначалници
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - „Модерна општина” е насловен меѓународниот форум на градоначалници што денеска ќе се одржи на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На форумот, како што е најавено од Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, ќе присуствуваат градоначалници од земјава, реномирани експерти и градоначалници од европски и светски метрополи. Ќе учествуваат Жан Ив Ками, специјалист по меѓународни односи и специјален советник на градоначалникот на Париз, проф.д-р Карол Јанас, градоначалник на општина Поважска Бистрица во Република Словачка, Цвика Брот, градоначалник на општина Бат Јам во Израел и советник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Светослав Василев, заменик-градоначалник на Ќустендил, д-р Андријана Цветковиќ, прв резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија и директор на Северна Азија на The Economist Group. цр/мд/    
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан