• среда, 25 декември 2024

Модерна бара одобрување за вакцинирање тинејџери во ЕУ и Канада

Модерна бара одобрување за вакцинирање тинејџери во ЕУ и Канада
Вашингтон, 7 јуни 2021 (МИА) - Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ бара одобрување за употреба на својата вакцина против Ковид-19 кај тинејџери во Европската унија и Канада. Компанијата тврди дека ова е поттик за кампањите за вакцинација на почетокот на летото. „Модерна“ соопшти дека планира да поднесе барање за итно одобрување до Администрацијата за храна и лекови во САД, каде вакцината на „Фајзер/Бионтек“ веќе се администрира на адолесценти од 12 години и постари. „Поднесовме барање за одобрение за ставање во промет на нашата вакцина против Ковид-19 од Европската агенција за лекови за употреба кај адолесценти во Европската унија. Охрабрени сме што вакцината на Модерна е многу ефикасна во спречување на инфекции со Ковид-19 кај адолесцентите“, изјави извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел. „Модерна“ со две дози е околу 90 отсто ефикасна против симптоматскиот Ковид-19 и 95 отсто ефикасна против тешко заболување. паг/

Остани поврзан