• недела, 24 ноември 2024

Мобилниот телефон на Макрон обработуван од шпионскиот софтвер Пегаз

Мобилниот телефон на Макрон обработуван од шпионскиот софтвер Пегаз

Париз, 20 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Франција Емануел Макрон, според пишувањето на денешното издание со утрешен датум на париски „Ле Монд“ бил прислушуван од шпионскиот софтвер Пегаз. Името на шефот на државата е на списокот на личности обработени од Пегаз. Според вечерниот дневен лист, операцијата била спроведена во име на мароканското разузнавање, јави допсиникот на МИА.

Развиен од израелската компанија НСО, овој вирус може да го вклучи фотоапаратот или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без да знае сопственикот, па дури и да слуша телефонски разговори.

Покрај телефонот на претседателот на Републиката, поранешниот премиер Едуард Филип, како и четиринаесет владини министри биле цел на Пегаз.

Не е првпат Макрон да има проблем со неговиот мобилен телефон. На почетокот на неговиот мандат, една од неговите линии му беше прекината откако на новинар му беше украден смартфонот во кој се појави бројот на претседателот. тг/ми/

Остани поврзан