• четврток, 26 декември 2024

Мобилниот парламентарен карван во Прилеп

Мобилниот парламентарен карван во Прилеп

Прилеп, 3 ноември 2022 (МИА) - Во центарот на Прилеп, пред камената бина на плоштадот Александрија денеска беше мобилниот парламентарен карван насловен „Собрание за граѓаните“ како дел од активностите на државното Собрание за зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Преку едукација, видео презентација и објаснувања пред присутните прилепчани се објаснуваше суштината на Собранието, неговата улога како нависоко законодавно тело и можноста младите и возрасните генерации да научат што значи оваа интитуција, како може да покренат иницијативи. Беше овозможена и средба со пратениците од Прилепскиот регион Ане Лашкоска, Петар Ристески и Миле Талески.

Александар Георгоски, асистент на прилепските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, смета дека е голем интересот на младите да ја дознаат улогата на Собранието и како тоа функционира.

-Денешниот настан е да се доближи Собранието до граѓаните, зашто не сите ученици и млади може да го посетат Собранието. Токму затоа се овие караваи организирани преку Националниот демократски институт и Швајцарската  амбасада во Македонија и агенцијата „Њу модем“. Во Прилеп доста е голем интересот. На поканата се одѕваа младите, професорите, директорите на училиштата. Ќе се запознаат со парламентарната демократија, ќе научат за историјатот на Собранието, има можност за интеракција, за прашања и одговори, а граѓаните и случајните минувачи имаат можност да се сретнат и со пратениците од прилепскиот регион, со Ане Лашкоска и петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ и со Миле Талески од СДСМ, изјави Георгиески.

Стефан Андреески, асистент на пратеникот од СДСМ од Прилеп вели дека и младите, но и повозрасните генерации малку знаат за улогата на Собранието.

-Најголемиот број посетители се млади, ученици од основното образование. Тие се во младата фаза на развој и сѐ уште ги немаат осознаено вредностите на Собранието и ова е можност да научат што претставува, кои се надлежностите на Собранието, Имаат можност да разговараат со пратениците и преку нив да дојдат до сознанија како може да покренуваат иницијативи, да разговараат во иднина со пратениците. Тоа е добро, зашто со сигурност можам да кажам дека не само младите, туку и постарите генерации не ја знаат улогата на Собранието како највисоко законодавно тело. Тие сѐ уште го гледаат Собранието преку призмата на политичка партија, изјави Андреески.

Мобилниот парламентарен карван  продолжува во градовите низ земјава. ем/сст/

Остани поврзан