• сабота, 28 декември 2024

Мобилната библиотека „READ on wheels“ ќе ја почне својата турнеја во Теарце

Мобилната библиотека „READ on wheels“ ќе ја почне својата турнеја во Теарце
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Мобилната библиотекаREAD on wheels“ (РЕАД на тркала) денеска официјално ќе ја почне својата турнеја во Теарце, Тетовско. На отворањето на библиотеката, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажески, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, директорката на Гете-институт Скопје, Тања Кригер, проектниот менаџер, Марија Чорбева Пеновска и директорот на ЦБС Лоја од Тетово, Бујар Лума. Ќе има и читање поезија и креативна работилница со учениците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце. Отворањето на мобилната библиотека „READ on wheels“ е во рамки на проектот Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД). „READ on wheels“ е специјално дизајниран и одлично опремен мини-бус и во следните 12 месеци ќе посети над 100 заедници во земјава. Модерниот мебел и опрема ќе се употребуваат за да се создава пријатен простор, во вид на библиотека на отворено, каде ќе се организираат активности со локалното население. Покрај соработката со училишта и библиотеки, посетите ќе вклучуваат и соработка со центри за деца и млади, месни заедници, локални невладини организации, културни оператори како локални фестивали, аматерски театри, соработка со писатели итн. мд/скс/

Остани поврзан