• сабота, 23 ноември 2024

Мнучин: Потребни се уште 250 милијарди долари кредити за малиот бизнис

Мнучин: Потребни се уште 250 милијарди долари кредити за малиот бизнис
Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) - Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека од Конгресот ќе побара уште 250 милијарди долари за стартот на новата програма за кредитирање на малите компании, пренесоа француските медиуми.

На крајот на минатиот месец американскиот Конгрес ја одобри програмата за заштита на платите во износ од 350 милијарди долари, со која се осигурува неповратна помош за компаниите низ целата земја за плаќање на нивните привремено невработени работници.

Мнучин денеска на Твитер напиша дека апелира до републиканските и демократските сенатори во Сенатот и конгресмените во Претставничкиот дом „ да обезбедат дополнителни 250 милијарди долари за програмата #PPPLoan, со која ќе се гарантира дека малите компании ќе ги добијат потребните пари“ . сд/

Остани поврзан