МНТ ја отвора новата сезона со гостувања на фестивали, премиера ќе има на крајот на септември
- Македонскиот народен театар ја отвора новата театарска сезона 2022/2023 со гостувања на фестивали, за кои се избрани претставите „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и „Нема да биде крај на с
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Македонскиот народен театар ја отвора новата театарска сезона 2022/2023 со гостувања на фестивали, за кои се избрани претставите „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и „Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, двете во режија на Нина Николиќ, кои се најнаградувани во изминатата сезона.
Со претставата „Народен непријател“, МНТ на 1 септември ќе го отвори Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“ пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора. Фестивалот ќе се одржува до 7 септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“. На програмата се изведби на театри кои, како што соопшти МНТ, „смело отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија“.
Покрај МНТ, на овој фестивал ќе учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот, а нашиот театар со „Народен непријател“ во ноември ќе гостува и во Италија.
По гостувањето во Србија, МНТ со претставата „Нема да биде крај на светот" на 12 септември ќе гостува на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ се очекува премиера на комедијата „Лагата“, работена по текст на францускиот писател и филмски режисер Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи. -Во претставата, во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска, информира МНТ.
Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, која ја режира Слободан Унковски. Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска... -Унковски ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме, наведува Македонскиот народен театар. хс/дма/