• петок, 27 декември 2024

МНТ со „ЛАГАТА“ ќе учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

МНТ со „ЛАГАТА“ ќе  учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

Скопје, 6 септември 2023 ( МИА) - Македонскиот  народен театар (МНТ)  со претставата „ЛАГАТА“, во режија на Бесфорт Идрзи, оваа година  ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Како што посочуваат  од МНТ,  претставата е работена според текст на  францускиот писател Флоријан Зелер, а улогите ги толкуваат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

-„ЛАГАТА“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00, на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател - Крсте С. Џидров - Џиби, соопштуваат од тимот на МНТ. љм/са/

Фото: МНТ

 

Остани поврзан