• четврток, 26 декември 2024

МНР на Бугарија: Користењето на говор на омраза како инструмент за внатрешно-политички соочувања е неприфатливо

МНР на Бугарија: Користењето на говор на омраза како инструмент за внатрешно-политички соочувања е неприфатливо
Скопје, 1 ноември 2021 (БТА/МИА) - Категорично е неприфатливо користењето на говор на омраза како инструмент за внатрешно-политички соочувања, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, потенцирајќи дека случувањата од минатата недела и агресивната реторика, користена во предизборната кампања за градоначалник на Град Скопје се уште еден пример за наметнување на атмосфера на нетолерантност и недоброволност во земјата кон граѓаните со бугарски идентитет и кон Република Бугарија. Од бугарското МНР нагласуваат дека се воздржале од итна реакција, оти не сакале да се вклучат во предизборната полемика во РСМ. - Оваа конзистентна позиција на немешање во политичките процеси во нашата соседна земја не значи дека ја прифаќаме континуираната дискриминација и говорот на омраза кон граѓаните на Република Северна Македонија, кои на некој начин се поврзани со Република Бугарија и бугарскиот народ, се наведува во соопштението на бугарското МНР. Оттаму нагласуваат дека таквото однесување и методи стимулираат појава на дискриминација и нетолерантност. - Тоа претставува директно негирање на темелните европски вредности и е спротивно од сите демократски норми. Тоа придонесува за создавање неповолна средина за граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за секој што сака да развие пријателски односи со Република Бугарија, истакнува бугарското МНР, јави БТА. Од бугарското Министерство порачаа дека „неуспехот на антибугарската кампања на изборите покажува дека таа не добива поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија“. - Очекуваме тоа да биде дополнителен стимул за претставниците на сите политички партии во иднина да се воздржат од користењето на таканаречената „бугарска карта“ во контекст на политичко и општествено соочување. Согласно член 11, став 6 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, двете страни треба да преземат „ефективни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејствија кои би им наштетиле на нивната односи“, наведоа од бугарското МНР. Од Министерството за надворешни работи на Бугарија потенцираа дека стриктното, совесно и сеопфатно спроведување на меѓународно обврзувачките задолженија е од клучно значење и останува предуслов за напредок во пристапувањето во ЕУ. - Република Бугарија со особено внимание ќе ги следи сите процеси поврзани со создавањето на неопходните услови за слободна самоидентификација и зачувување на правата на граѓаните со бугарски идентитет во РСМ и ќе продолжи да прави напори за нивна заштита во согласност со меѓународното право, наведува МНР на Бугарија. см/сп/

Остани поврзан