• сабота, 04 јануари 2025

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.

-Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас, стои во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х.

Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост по убиството на најмалку 12 лица во Цетиње на првиот ден од 2025 година.

Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица Ацо Мартиновиќ се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница. 

Здравствената состојба на тројца ранети во пукањето во Цетиње е стабилна, но нивните животи се уште се во животна опасност, додека четвртиот е во критична состојба, соопштија утрово лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица (КЦЦГ), каде што на повредените им е укажана помош. нд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан