• сабота, 23 ноември 2024

МНР: Двајцата наши државјани во Газа се безбедни, сместени се во болница на Црвената полумесечина

МНР: Двајцата наши државјани во Газа се безбедни, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) - Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.

Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно.

- Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно, соопштија од МНР.

Во меѓувреме, потенцираат од МНР, работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542  цр/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан