• среда, 04 март 2026

МНР: Вкупно 473 македонски државјани затекнати во загрозените подрачја досега стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Вкупно 473 македонски државјани затекнати во загрозените подрачја досега стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во согласностс о последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

- Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, а 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништо во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин - соопшти МНРиНТ.

Во согласност со информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните што се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде почната во првиот безбеден момент, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.

Во однос на македонските државјани што се наоѓаат во Тел Авив, од МНРиНТ велат дека активно ги разгледуваат можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

- Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва - наведуваат од Министерството.

Од Министерството дополнуваат дека за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана. нд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан