• сабота, 23 ноември 2024

Мноштвото дезинформации нема да влијаат на претседателските избори во САД

Мноштвото дезинформации нема да влијаат на претседателските избори во САД

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Директорката на американската Агенција за кибер и инфраструктурна безбедност (CISA) Џен Истерли вчера изјави дека нејзиниот оддел нема докази за каква било активност што може директно да влијае врз исходот на изборите, и покрај поплавата од дезинформации.

Таа додаде дека изборите во 2024 година се обележани со „невиден број на дезинформации“ од странски противници.

Американските агенции предупредија дека Русија и другите актери имаат намера да шират приказни за поделби пред изборите, обвинение што Русија го негираше.

Високата функционерка на ЦИСА рече дека постои голема веројатност странските дезинформации да продолжат со недели и месеци по изборите.

Истерли додаде дека „изборната инфраструктура никогаш не била посигурна и подобро подготвена да спроведе безбедни, слободни и фер избори“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан