• среда, 25 декември 2024

Мнозинство вработени во Амазон од Алабама гласаа против стапување во синдикат 

Мнозинство вработени во Амазон од Алабама гласаа против стапување во синдикат 

Вашингтон, 9 април 2020 (МИА) Работниците од голем склад на Амазон во Алабама одбија да се синдикализираат што преставува голема победа за гигантот во малопрадажба на интернет, кој води битка да спречи работниците да влезат во синдикални односи и со тоа да иницираат такви постапки насекаде. 

Против гласале 1.798 работници на Амазон од повеќе од 3.000 уфрлени гласови, додека оние кои гласале „за“ се само 738. Околу 500 гласови биле спорни, многу прогласени за неважечки, но и да биле пресметани, тоа немало да влијае на исходот од гласањето. 

Гласањето беше со интерес следено во Америка, бидејќи корпорацијата е еден од најголмите работодавачи во САД. Со ова гласање, склад на Амазон за првпат можеше да влезе во американскиот Синдикат за продавници на облека и за продажба на мало и големо (РВСДУ). А тоа се гледеше како иницијатива за можна организација на кампањи и протести околу објектите на Амазон во САД и во светот. 

Испраќање илјадници смс пораки, организирање антисиндикални состаноци и лепење летоци во тоалетите се некои од начините како Амазон во изминатите месеци ги убедуваше избраните работници да гласаат против. 

На ова неодамна реагираше и претседателот Џо Бајден, со порака на Твитер дека работниците треба сами да донесат одлука на синдикални избори без притисок од работодавачот. Притоа не го спомена името на Амазон. 

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во март покани синдикални работници од Амазон да сведичат пред сенатскиот Комитет за буџет и неодамна го посети градот Бесемер во поддршка на синдикатот и гласањето. 

Работниците кои се за синдикат, на брифинг за новнарите денеска ветија дека ќе ја продолжат борбаа против Амазон. Оттаму укажаа дека ќе го оспорат резултатот од гласањето  и ќе поднеси жалби за нефер работни односи во компанијата до Националниот борд за труд, кој го следеше гасањето. кб/ 

Остани поврзан