• среда, 18 декември 2024

Мнозинството Унгарци сметаат дека вакцината е единствено средство во борбата против Ковид-19

Мнозинството Унгарци сметаат дека вакцината е единствено средство во борбата против Ковид-19
Будимпешта, 15 јануари 2021 (МИА) - Повеќето Унгарци сметаат дека вакцината е единствениот начин да се сузбие пандемијата на коронавирус, а се повеќе луѓе ја изразуваат својата подготвеност да се вакцинираат, покажа денеска објавената студија на фондацијата „Сазадвег“. Бројот на луѓе кои дефинитивно се изјаснуваат за вакцинација се зголеми на 34 проценти овој месец, од 24 проценти во декември 2020 година, покажа истражувањето, пренесува унгарската агенција МТИ. Исто така, се зголеми и бројот на оние кои се донекаде склони кон вакцинирање, на 28 проценти од 25 проценти во претходниот месец. Скептиците кон вакцината се 35 проценти, наспроти 52 проценти во ноември и 48 проценти во декември. Зголемената подготвеност Сазадвег ја припишува на извештаите за постојан раст на вакцинациите во земјите ширум светот. „Унгарците препознаа дека вакцините не носат ризик и дека немаат големи несакани ефекти“, наведува фондацијата. ссм/

Остани поврзан