• недела, 22 декември 2024

Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија

Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија

 

Џенова, 26 септември 2024 (МИА) – Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер.

По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија.

Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро.

Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци.

Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан