• среда, 25 декември 2024

ММФ/СЗО: Коронавирусот ќе ја погоди светската економија повеќе отколку финансиската криза од 2008 година

ММФ/СЗО: Коронавирусот ќе ја погоди светската економија повеќе отколку финансиската криза од 2008 година
Женева, 3 април 2020 (МИА) - Повеќе од 90 земји побараа итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во пресрет на досега невидената пандемија на вирусот Ковид-19, нагласи денеска шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева. - Никогаш не сме биле сведоци на запирање на светската економија, рече Георгиева на конференцијата преку интернет заедно со Светската здравствена организација (СЗО). - Сега сме во рецесија. Тоа е многу полошо од глобалната финансиска криза, пред една деценија, додаде таа. Георгиева додаде дека најтешко погодени се економиите во развој и растечките економии кои изгубиле скоро 90 милијарди американски долари. ММФ е особено загрижен за пресвртот на неодамнешниот економски раст во африканските земји. Георгиева објави дека ММФ ќе ја искористи својата резерва за вонредни состојби од еден билион американски долари за да им помогне на погодените економии, вклучувајќи ги и африканските земји кои инаку би требало да избираат меѓу борбата против новиот коронавирус и хранењето на своето население. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика државите да го стопираат медицинското плаќање и да обезбедат бесплатно тестирање и здравствено осигурување за случаи на заразени со Ковид-19. - Ако луѓето се одложат или престанат, бидејќи не можат да си го дозволат тоа, тие не само што си наштетуваат сами, туку ја отежнуваат контролата на пандемијата и го ставаат во ризик општеството, рече тој. Шефот на СЗО објави дека донаторските земји веќе ветиле или платиле речиси 690 милиони американски долари за Планот за одговор на СЗО на Ковид-19, повеќе од бараните 675 милиони долари. Бројот на случаи на инфекции со коронавирус во светот надмина еден милион оваа недела, при што повеќе од 50.000 луѓе ги загубија животите. зш/

Остани поврзан