• среда, 25 декември 2024

ММФ позитивно одговорил на барањето на земјава за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра

ММФ позитивно одговорил на барањето на земјава за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра
Скопје, 3 април 2020 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19. Информацијата според која  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот, Владата ја усвоила на денешната седница. Притоа , Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман. сст/дма/

Остани поврзан