• вторник, 24 декември 2024

ММФ одобри 1,4 милијарди долари за Украина

ММФ одобри 1,4 милијарди долари за Украина
Вашингтон, 10 март 2022 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 1,4 милијарди долари вонредно финансирање за Украина за да се задоволат „итни потреби на платниот биланс“. Извршниот одбор на Фондот соопшти дека украинските власти ќе соработуваат со ММФ „за дизајнирање соодветна економска програма насочена кон рехабилитација и раст, кога ќе дозволат условите“. - Штом војната ќе заврши и ќе може да се изврши соодветна проценка на штетите, веројатно ќе биде потребна дополнителна голема поддршка за напорите за реконструкција, додаде генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева. ссм/

Остани поврзан