• среда, 27 ноември 2024

Млади од пелагониските општини се обучуваат за развивање бизнис идеи

Млади од пелагониските општини се обучуваат за развивање бизнис идеи

Битола, 31 октомври 2023 (МИА) - Млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучуваат како да ги развијат своите бизнис идеи.

Според градоначалникот на Битола Тони Коњановски, посебна привилегија е да се работи со млади кои имаат желба да отворат свој бизнис.

-Младите со своите активности прават сите заедно да сме поуспешни, помотивирани и посреќни во општините каде што живееме. Млади од Пелагонискиот регион покажаа дека сакаат да се реализираат професионално во приватниот сектор и да ги тестираат своите бизнис идеи на пазарот. Наша обврска како општество е да им помогнеме нивните идеи да станат реалност, истакна Коњановски.

Проектот „Fas-Forward“ се имплементира во соработка со општините и Центарот за вработување во Битола со цел да се зајакнат претприемничките капацитети на младите од рурална Пелагонија, а го реализира Здружението за унапредување на развојните процеси ПРО ЛОКАЛ. мт/мд/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан