• среда, 25 декември 2024

Државен натпревар во прва помош во Скопје

Државен натпревар во прва помош во Скопје

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Државен натпревар во прва помош се одржал денеска во Скопје, организиран од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Учествувале 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови низ државата.

Како што потенцираа од Општина Ѓорче Петров, целта на овие активности е да се зголеми свеста за важноста од прва помош и да се обучат младите во вештини што можат да спасат животи.

На настанот присуствувале и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик - министерот за образование Лулзим Алиу. бд/бак/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан