„Младите можат“ со повик до компаниите да се вклучат на Social Day 2025
- Здружение на граѓани „Младите можат“ на 2 април годинава по петти пат ќе го организира проектот Social Day и ги повикува компаниите да се приклучат на оваа иницијатива. Како што соопштија од Здружението, станува збор за ден во годината кој младите од средните училишта го минуваат на волонтерска работа во компанија по нивен избор. За возврат, компаниите донираат една дневница во младински фонд со кој се поддржуваат иновативни проекти за млади, насочени кон унапредување на нивните можности и животни услови.

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Здружение на граѓани „Младите можат“ на 2 април годинава по петти пат ќе го организира проектот Social Day и ги повикува компаниите да се приклучат на оваа иницијатива. Како што соопштија од Здружението, станува збор за ден во годината кој младите од средните училишта го минуваат на волонтерска работа во компанија по нивен избор. За возврат, компаниите донираат една дневница во младински фонд со кој се поддржуваат иновативни проекти за млади, насочени кон унапредување на нивните можности и животни услови.
-Младите и компаниите ќе имаат можност да работат заедно и да придонесат во создавањето подобро општество. Преку оваа иницијатива, се создава синергија меѓу генерациите и се поттикнуваат младите да бидат активни, независни и ангажирани граѓани, способни да создаваат промени во својата заедница. Оваа активност претставува непроценливо искуство за младите затоа што добиваат можност да почувствуваат реална работна атмосфера. Токму затоа, со учество на Social Day, компаниите ќе ги поддржат младите и нивниот развој, но во исто време и ќе инвестираат во локалната заедница и развојот на нашето општество, велат во соопштението.
Како што посочуваат од Здружението, минатата година на Social Day учествуваа 60 општествено одговорни компании и 245 млади кои поминаа еден ден во нивните канцеларии собраа младински фонд од 249.000 денари кои беа наменети за младински иницијативи.
Инаку, „Social Day“ е глобална иницијатива која се одржува во повеќе земји низ Европа, а заинтересираните компании можат да се приклучат на „Social Day“ 2025 со пополнување на линкот.бт/мд/
Фото: плакат