• недела, 01 септември 2024

Младински центар отворен во Кавадарци

Младински центар отворен во Кавадарци
Кавадарци, 6 јули 2021 (МИА) - Во Кавадарци денеска е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа. Со Центарот ќе управуваат организациите „Креактив” и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција”, кои беа избрани преку јавен повик. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев нагласи дека овој Младински центар е многу значаен за младите од општина Кавадарци. Според директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Наумче Мојсовски овој Младински центар е од огромно значење за поврзување, приближување и подобро запознавање на младите луѓе. Пред присутните се обрати и Ивана Стојчевска од Сојуз за младинска работа. Претседателот на „Креактив”, Драган Марковски и Ѓорѓи Нанчев, младински работник од СППМД, изразија задоволство што по долги години работа на терен, Кавадарци добива ваков центар. свд/цр

Остани поврзан