• сабота, 27 јули 2024

Младински барања за зелени општини за 2023 година

Младински барања за зелени општини за 2023 година
Скопје, 16 ноември 2022 Како завршна панел дискусија на проектот „Младински екоактивизам за зелени општини" вчера (15.11) заедно со младите и градоначалниците Висар Ганиу, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски ги споделивме новите зелени барања од младите до општината. -Барањата ги собиравме од младите, за тоа што тие сакаат да видат како зелена промена во нивната општина. Потоа, со тимот и заедно со општините Општина Аеродром, Komuna Çair-Municipality of Cair-Општина Чаир, Општина Кисела Вода и Општина Куманово ги избравме оние кои се во надлежност на општините и кои имаат најмногу шанси за реализација во идната година 2023. Овој процес го правиме со цел младите да бидат конструктивни во нивните критики, да се зајакне младинската инфраструктура на локално ниво и да имаме активно учество на младите во донесувањето на одлуките на локално ниво, сподели Арта Ќерими, проектен координатор во Гоу Грин Скопје. -Има еден и само еден непобитен факт дека младите се столбот на нашето општество, столбот на нашиот концепт за модерна, напредна општина со јасна визија за иднината, истекна Ганиу, градоначалник на Општина Чаир. Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром изјави дека "младите се најголем партнер на општините и институциите на државата и затоа е потребно да вложиме напори за нивно вклучување во процесот на креирање политики и изнаоѓање на решенија за сите предизвици со кои се соочуваме." -Општината е секогаш отворена за младински барања, и овој процес го поддржуваме затоа што сакаме да ги вклучиме и младите, сподели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода. -Локалната климатска акција е од суштинско значење во борбата со климатските промени, а младите се една од ранливите групи на последиците од климатските промени - затоа тие мора да бидат активни и да влијаат на општинските политики. Моментално само десетина локални младински совети се формирани, од вкупно 81 на ниво на држава. Овие совети се претставничкото тело на младите, гласот за нивните потреби и визии во општината. Но за тие да се формираат, потребно е младите да се запознаени со овие процеси и да сакаат да придонесат во нивните локални заедници, споделува Мила Јовановска, претседателка на Гоу Грин Скопје. Многу ни е драго што со ова соработка креиравме мост помеѓу младите и општините. Останува да продолжиме со едукација за важноста од зелени опшини, активно граѓанство и младински екоактивизам. Но, најважно е заедно да ја следиме реализацијата на овие барања. Предлозите за секоја општина посебно може да ги видите на следните линкови: Младински Барања Кисела Вода Младински Барања Аеродром Младински Барања Чаир (МК) Младински Барања Чаир (АЛ) Младински Барања Куманово (МК) ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан