• среда, 27 ноември 2024

Младинскиот центар од Охрид организира кариерно советување

Младинскиот центар од Охрид организира кариерно советување

Охрид, 3 април 2024 (МИА) – Во организација на Младинскиот центар од Охрид задутре ќе се одржи кариерно советување, со сертифициран кариерен советник со осврт на нова методологија за процесот на кариерно советување.

На настанот младите ќе можат да добијат одговори на неколку клучни прашања во врска со тоа што е кариерно советување, информации за новите методологии за спроведување кариерно советување - „ProfillPASS, што знам и умеам?“, дали „ProfillPASS“ може да помогне во процесот на барање работа, вештини и насоки за успешна апликација за работа/ангажман и каков е импактот на методологијата „Sport4employability“ врз кариерниот разој на младите.

„Sport4employability“ е дел од истиот проект е и методологија под назив која повторно е со осврт на личен и кариерен раст и развој кај младите.

-Обете алатки служат за саморефлексија, препознавање и валидирање на сопствените вештини. Помагаат во личниот развој на младиот човек и со тоа придонесуваат за подобар кариерен избор, велат од Младинскиот Центар.

Акцијата „Кариерно Советување ProfillPASS” е дел од проектот „Подобрување на социо-економската инклузија на млади од ранливи групи преку младинска работа“ спроведуван од Сојузот за младинска работа со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)“. аб/дма/

фото/МИА

Остани поврзан