• четврток, 05 март 2026

Младеновска: Со одбрана да дојдеме до победа

Младеновска: Со одбрана да дојдеме до победа

Хаселт, 4.март 2026 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го игра натпреварот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Македонските ракометарки гостуваат на Белгија.

-  Ќе дадеме се од себе, а со борбена игра која треба да клучна на овој натпревар, но и на саботниот дуел во Куманово да стигнеме до позитивен резултат. Мора да одиграме добра одбрана и така да стигнеме до победа, изјави македонската репрезентативка Ива Младеновска.

Натпреварот против Белгија се игра вечерва (почеток 20:10 часот) во Хаселт, додека двете репрезентации дуелот од 4.коло ќе го играат в сабота во Куманово кога македонската репрезентација ќе ја има улогата на домаќин.   мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан