• четврток, 26 декември 2024

МКАРТА за Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски

МКАРТА за Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски

Тирана, 7 август 2023 (МИА) - Македонската амбасада во Тирана информираше дека тројца Македонци во Албанија се носители на МКАРТА.

- Ефтим Митревски, Никола Ѓурѓај и Васил Стерјовски, претседатели на македонски друштва, главни уредници на весниците на македонски јазик „Преспа", „Илинден" и „Македониум", стои во објавата од Амбасадата.

Се додава дека својот живот го посветиле на зачувување и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. 

- Сега веќе носители на МКАРТА, која се доделува само на исклучителен труд на поединци како што се Митревски, Ѓурѓај и Стерјовски. Честито, се наведува во објавата на македонската амбасада во Тирана. 

Како што претходно информираше МНР, по предлог на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, МКАРТА  добиваат  научници, универзитетски професори, лекари, уметници, бизнисмени, менаџери,  сопственици на компании, лица кои со својот професионален успех на најдобар можен начин ја претставуваат нашата држава. вт/цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан