Ми се допаѓа улогата на лидер во Барселона, вели Педри
- Младиот фудбалер на Барселона, Педри неодамна го продолжи договорот со клубот до 2030 година, наведувајќи дека има многу големи цели со тимот.

Барселона, 11 февруари 2025 (МИА) - Младиот фудбалер на Барселона, Педри неодамна го продолжи договорот со клубот до 2030 година, наведувајќи дека има многу големи цели со тимот.
-Навистина ми се допаѓа мојата позиција на теренот бидејќи постојано сум во контакт со топката и играта минува преку мене. Се чувствувам удобно и научив како да и помогнам на одбраната на најдобар можен начин. Има многу млади момци во тимот и сега сум еден од лидерите. Ми се допаѓа да бидам таков, тоа е улога што не ме плаши, а сакам Барселона да освојува многу трофеи, вели играчот од средниот ред во интервју, цитирано од шпанските медиуми.
Истакна дека во тимот има многу играчи кои немаат ни 20 години и во соблекувалната владее добра атмосфера.
-Нашето добро расположение се пренесува и на теренот, додаде шпанскиот интернационалец. дс
Фото: Архива