• четврток, 26 декември 2024

Мијалков нуди 10 милиони евра за излез од притвор, понудата прифатлива за Обвинителството, на потег Судот

Мијалков нуди 10 милиони евра за излез од притвор, понудата прифатлива за Обвинителството, на потег Судот
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Обвинителството ја прифати понудената гаранција од Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор. -Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, велат од ЈО. Мијалков беше осуден за незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со што го оштетил Буџетот за над 800.000 евра. бк/дма/

Остани поврзан