• четврток, 26 декември 2024

Мишел: ЕУ веќе има „стратешко партнерство“ со Украина

Мишел: ЕУ веќе има „стратешко партнерство“ со Украина

Дубаи, 1 декември 2023 (МИА) - Европската унија веќе има договор за асоцијација со Украина, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, одговарајќи на прашање поврзано со повикот на Унгарија до ЕУ да склучи „стратешко партнерство“ со Киев пред почетокот на пристапните преговори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на „стратешко партнерство“ наместо да и се дозволи на Украина да премине во следната фаза на патот кон евентуалното членство во ЕУ. Тој го изјави ова пред состанокот на европските лидери на 14 и 15 декември, на кој ќе биде потребна едногласност на сите 27 земји-членки за да почнат преговорите за членство на Украина во ЕУ штом земјата ќе ги исполни сите конечни услови.

„Имаме договор за асоцијација со Украина, кој нуди многу можности за блиска соработка со Украина“, рече Мишел, запрашан да го коментира говорот на Орбан на маргините на конференцијата КОП 28 во Дубаи. паг/

Фото: ЕПА



 

 

Остани поврзан