• четврток, 26 декември 2024

Мишел: Случувањата со „Вагнер“ се внатрешна работа на Русија

Мишел: Случувањата со „Вагнер“ се внатрешна работа на Русија

Брисел, 24 јуни 2023 (МИА) - Лидерите на европските институции најавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата во Русија по бунтот на приватната паравојска против руските власти, наведувајќи дека тоа е внатрешна работа на Русија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Твитер објави дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија и дека е во контакт со лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и Г7.

„Ова е јасно внатрешно прашање на Русија“, рече Мишел и додаде дека поддршката за Украина останува непоколеблива, пренесува Радио Слободна Европа.

Портпаролот на претседателот на Европската комисија, Ерик Мамер, исто така рече дека тоа е внатрешна работа на Русија. сд/

 

Остани поврзан