• петок, 27 декември 2024

Мишел: Русија не ја загрозува само Украина, туку и европскиот мир и меѓународен поредок

Мишел: Русија не ја загрозува само Украина, туку и европскиот мир и меѓународен поредок
Стразбур, 16 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната пленарна седница во Стразбур изјави дека Русија со својата политика не го загрозува само интегритетот на Украина, туку и европскиот мир. Тој додаде дека Русија распоредила воени сили „без преседан“ на границата со Украина и оти тоа е „агресивно и заканувачко однесување“. - Таквото однесување не ја поткопува само стабилноста и интегритетот на Украина, туку мирот и безбедноста во Европа и меѓународниот поредок заснован на правила, истакна Мишел. Тој додаде дека вчерашното повлекување на дел од руските војници е сихгнал дека Москва е подготвена за дипломатија. - Апелирам Русија да преземе конкретни и опипливи чекори кон деескалација. Ова е предуслов за искрен политички дијалог. Од една страна нема дипломатија, а од друга страна се распоредуваат војници, истакна Мишел. ми/

Остани поврзан