• вторник, 24 декември 2024

Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив 

Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив 

Брисел, 3 мај 2024 (МИА) - Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. 

- Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.  

Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата. сп/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан