• четврток, 26 декември 2024

Мишел: Отсуството на Кина на самитот во Швајцарија е разочарувачко

Мишел: Отсуството на Кина на самитот во Швајцарија е разочарувачко

Брисел, 13 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, ја критикуваше одлуката на Кина да ја бојкотира мировната конференција за Украина, што ќе се одржи во Швајцарија во наредните денови, јави ДПА.

-Разочарувачки е што Кина нема да учествува, рече Мишел денеска на маргините на состанокот на лидерите на седумте најнапредни индустриски демократии во јужна Италија.

На крајот на минатиот месец Кина објави дека нема да учествува на мировната конференција за Украина, која ќе се одржи во Швајцарија. Пекинг укажа на јасната неусогласеност меѓу организацијата на конференцијата и барањата на Кина, како и општите очекувања на меѓународната заедница, што го отежна учеството на кинеските претставници, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг.

На самитот викендов во одморалиштето Бургеншток се очекува да учествуваат околу 40 шефови на држави и влади, како и делегации од 90 земји и организации.

Русија не беше поканета и го отфрли настанот како западна пропаганда. Целта на самитот е да се подготви теренот за последователен мировен самит со руско учество. Ќе се разговара и за безбедноста на храната и нуклеарната безбедност.

Претходно денеска, швајцарскиот национален центар за сајбер безбедност (НЦСЦ) објави напади на владини веб-страници пред почетокот на самитот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан